Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата, истакна Александар Пандов, директор на Управа за извршување санкции, откако денес беше запален неговиот дом.
-Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува, вели тој.
„Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност“ – посочи Пандов.