Македонскиот автомобилист Игор Стефановски не ја заврши денешната трка во Имола на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во рамки на ТЦР шампионатот на Италија.

– Скината гума причина за предвремено завршување на трката, но нема откажување ја очекуваме следната трка, напиша Стефановски на социјалните мрежи.

Македонецот вчера на истата патека го освои второто место и се искачи на победничкиот подиум.