Премиерот Зоран Ковачевски денеска учествуваше во зареѓувањето на лозјата во Тиквешко, по повод верскиот празник Св. Трифун, кој се слави како празник на лозарите и винарите.

Годинава на Ковачевски му послаа зелен тепих во лозјата, за да ја удри првата ножица во закројувањето. Неговиот претходник, Зоран Заев, во минатото овај адет го правеше на црвен тепих во лозјата.

Винарската визба „Тиквеш“ и годинава ја продолжи традицијата на симболично закројување на лозјата во чест на заштитникот на лозарите и винарите, Св. Трифун. На традиционалното закројување на лозјето на локалитетот Лепово во близина на Неготино, покрај претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш“, Светозар Јаневски и генералниот директор, Радош Вукиќевиќ, присуствуваа и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Времињата (не)се менуваат, премиерите се менуваат, а нивните навики за тепих под нозете и во нивите остануваат.

(Д.Г.)