Не е точно обвинението на Велика Британија дека ирански воени чамци се обиделе да задржат британски танкер со нафта, изјави шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф, цитиран од локалната агенција Фарс, пренесоа западните медиуми.
Претходно утринава официјален Лондон соопшти дека додека британскиот танкер минувал низ Ормутскиот теснец, во Персискиот залив, ирански чамци се обиделе да го задржат и отстранат од неговиот курс на пловење.
-Се гледа дека танкерот минал успешно. Тоа што тие самите го кажаа и обвиненијата за предизвикување тензии немаат никаква вредност, не се точни, категоричен е министерот за надворешни работи.