Од денеска стапува во сила привремената забрана за увоз на кучиња во САД, поради опасност од ширење на беснило. Тоа се однесува на повеќе од 100 земји, вклучително и од Русија.

Информациите се достапни на интернет-страницата на американските Федерални центри за контрола и превенција од болести.

Според извештајот, американските стручни лица сметаат дека во овие земји постои зголемена опасност од зараза на кучиња со беснило. Списокот држави ги вклучува Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан, Узбекистан, Украина и десетици земји во Азија, Африка и Латинска Америка.

Забраната важи и за кучињата кои престојувале во овие земји изминатите шест месеци.