48-годишниот скопјанец, кој беше застралан од огнено оружје синоќа на влезот во селото Арачиново, е Азиз Мурати, познат пејач на албанска народна музика.
Според полицијата, околу 1:50 часот, лице што тој го познавал, а кое било во автомобил заедно со уште едно лице, пукало со огнено оружје кон него. Повредениот Мурати бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје, а неговата здравствена состојба се оценува како стабилна.
Азиз Мурати е познат албански пејач на фолклорна музика од Скопје, најмногу препознатлив по настапите на семејни веселби и свадби, каде што настапува заедно со својот музички состав. Мурати е долго време активен на музичката сцена и има објавено поголем број албуми и популарни песни.




