Откако побегнатиот затвореник Игор Спасов полицијата не успеа да го пронајде во Македонија распиша меѓународна потерница.
Како што објави ТВ Сител, неуспешно завршила 24 часовната потрага низ Македонија, па полицијата доцна попладнево распиша меѓународна потерница по Спасов, кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски, и кој со дозвола од штипскиот суд е на слобода од август минатата година.
Тој бил пуштен од затворот поради здравствени причини, со препорака за лекување во болницата во Штип.
Прекинот траел до 18 октомври кога Спасов требало да се врати во Идризово. Според судот во Штип, затвореникот имал обврска да приложува документи од лекувањето – тоа требал да го стори и минатиот месец. Од судот во Штип велат дека Спасов во септември не донел документи, а по еден месец не се вратил ниту на издржување на затворската казна.
Спасов беше осуден на 14 години затвор, а му преостануваат уште 7 години и три месеци затвор.
Убиството на Нешковски и Спасов беа максимално (зло)употребувани за време на тн. шарена револуција, поради што во Скопје имаше големи протести и немили сцени на „шарените“ со полицијата. Но, по доаѓањето на властна СДСМ, неговиот лидер и актуелен премиер се сликаше со Спасов во „пријателска атмосфера“, барем според изразите на лицата на двајцата.
Од тогаш и „шарените“ замолкнаа за убиството на Нешковски.