Воздушниот простор на Грција од претпладнево е целосно затворен за полетување и слетување на сите авиони кон и од сите аеродроми во земјата, поради технички проблем со радиофреквенциите, јави дописничката на МИА од Атина.

Извори од Министерството за транспорт на Грција брифираа дека некои фреквенции што ги опслужуваат потребите на ФИР Атина (воздушниот простор на земјата) се соочуваат со проблем, кој се истражува во соработка со надлежни надворешни институции, а со цел апсолутно да се зачува безбедноста на летовите, се опслужуваат само дел од прелетите и воведени се ограничувања на грчките аеродроми.

Според грчките медиуми, авионскиот сообраќај во Грција е во прекин од 9 часот утрово, а дел од авионите, за слетување се пренасочуваат кон соседните земји, пред сè кон Турција.