Филипче додека беше министер ја направи државата заложник на здравствената мафија, луѓе собираа пари за лекување преку СМС пораки, а неколку фирми блиски до него се богатеа, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче имаше 7 години да поправи нешто во здравството, но ништо не направи. Наместо проекти, Филипче тргна со милионски тендери. Немаше голем тендер во здравството кој не смрдеше на криминал од крвавите тендери на жути@јаху до провизиите за вакцини, потенцираа од партијата.

-Наместо инвестиции во здравството Филипче на големо заговараше приватизација на здравството. Наместо државата да гради болници според логиката на Филипче тоа ќе требаше да го прават фирми за профит, нотираа во соопштението.

-Филипче ја стави државата заложник на здравствената мафија. Здравството не функционираше за пациентите туку за тендерите. Филипче сега отиде за претседател на СДС со намера кога ќе треба да одговара да се вади на политички притисок соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.