Мухамед Зекири, актуелниот генерален секретар во Владата, кој е осомничен за злоупотреба на службената положба во Владата, пристигна попладнево во Кривичниот суд, без полициска придружба, туку со својот адвокат.
Тој не одговори на прашањата на новинарите дали се чувствува виновен по обвинението од Обвинителството за организиран криминал дека заедно со уште двајца хрватски државјани во периодот од месец април 2021 година до месец јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице .
„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, соопштија од Обвинителството за органзиран криминал.