По нападот со украински поморски дронови против руската Црноморска флота во своето пристаниште во близина на Севастопол на полуостровот Крим, Украина сака да купи повеќе оружје од овој тип, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува ДПА.
Во своето синоќешно видео обраќање, Зеленски рече дека целта на овие дронови е јасна. – Сите веќе видоа како функционираат, додаде Зеленски.
Според украинските проценки, три руски воени бродови биле погодени минатата недела во нападот на Севастопол. Меѓу нив и новиот предводник „Адмирал Макаров“.
Руската војска призна само м ала штета без да даде дополнителни детали.
По избувнувањето на војната, Украина ја создаде Интернет платформата United24, преку која веќе се донирани околу 220 милиони долари за купување оружје, соопшти Киев.