Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека запалената руска опрема и чадот на мостот на Крим се доказ дека ниту едно злосторство на Русија нема да остане без одговор.
-Секој уништен окупатор, целата запалена руска опрема, пожари во нивните штабови и магацини, многу видливиот чад на мостот на Крим и не само тоа, сето тоа е доказ дека нема да оставиме ниту едно злосторство на Русија без одговор, рече Зеленски во видео пораката на својот профил на Фејсбук, пренесуваат агенциите.
Руското Министерство за одбрана во саботата соопшти дека Украина се обидела да го нападне мостот на Крим со модифицирана верзија на ракетата С-200, но дека проектилот бил соборен и дека не е предизвикана никаква штета.с