Највисокото безбедносно тело на Украина одлучи да ги казни службениците за смртта на тројца граѓани кои не можеле да влезат во засолниште за време на руски ракетен напад, изјави претседателот Володимир Зеленски.
„Четвртина од засолништата во Украина и една третина во Киев се непогодни за употреба. Советот за национална безбедност одлучи да ги изведе одговорните пред лицето на правдата и да ги доведе горенаведените објекти во соодветна состојба“, рече Зеленски на Телеграм, а пренесе Скај њуз.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, по инцидентот со засолништата изјави дека тој сноси дел од одговорноста, но дека виновни се и другите, особено оние градски функционери поставени од Зеленски.