Украинскиот претседател Владимир Зеленски во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон изрази загриженост поради намерата на Русија да изврши „опасни провокации“ во нуклеарната централа Запорожје, која моментално е под контрола на Москва.

Централата, најголемата во Европа, е предмет на постојани безбедносни грижи поради руската инвазија на Украина, која трае повеќе од една година.

Зеленски ја истакна потребата да се одржи максимална контрола врз ситуацијата и да се вклучи Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во решавањето на потенцијалните ризици.

-Го предупредив Емануел Макрон дека окупаторските трупи подготвуваат опасни провокации во централата во Запорожје, му кажал Зеленски на францускиот претседател, додавајќи дека се договориле да ја држат ситуацијата под максимална контрола заедно со МААЕ (Меѓународната агенција за атомска енергија).

Зеленски во текот на викендот им соопштил на медиумите во Киев дека „постои сериозна закана. Русија е технички подготвена да предизвика локална експлозија во електраната, што може да доведе до испуштање на опасни материи во воздухот“.

-Ние разговараме за сето ова со нашите партнери за сите да разберат зошто Русија го прави ова и затоа врши политички притисок врз Руската Федерација да не размислува за тоа, додаде тој.