Украинските власти во наредните денови очекуваат добри финансиски вести од Брисел, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно обраќање.

„Денеска ѝ заблагодарувам на Европската комисија, на Европската Унија, што подготвува одлука за следната транша финансиска помош. Минатата недела добивме 3,3 милијарди евра за оружје, а во наредните денови очекуваме уште добри финансиски вести од Брисел – конкретно за помош за буџетот, друга транша…“, рече Зеленски.

Украинскиот лидер истакна дека разговарал со претседателот на Европската банка за обнова и развој, за која рече дека има широка соработка со Украина и го поддржува енергетскиот сектор на земјата и заштитата на критичната инфраструктура.

„Друга област на нашата заедничка работа е поддршката за нашиот извоз и нашите производители, вклучително земјоделците и производителите на земјоделски производи. Се договоривме да ја прошириме оваа област“, рече Зеленски.