Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја критикуваше Амнести интернешнал, која, како што вели, „молчи за нуклеарниот терор на руската армија“.
„За жал, имаме значително влошување на ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје. Руските терористи станаа првите во светот кои ја искористија најголемата европска нуклеарна централа за терор. Ние го свртуваме вниманието на светот на ова и ќе инсистираме на нови санкции против Русија поради создавање глобална закана“, рече Зеленски.