Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во видеообраќањето пред ирскиот Парламент изјави дека Русија го користи гладот како оружје за освојување на територија.
Тој додаде дека руските проектили ја уништуваат егзистенцијата, додека блокадата на сите украински поморски пристаништа и бродови го спречува извозот на храна, што би довело до недостиг на храна и зголемување на трошоците за милиони гладни луѓе ширум светот.
За нив гладот е оружје против нас, обичните луѓе како инструмент за доминација, посочи Зеленски.
Тој исто така, ги повика ирските политички лидери да го искористат своето влијание за да ги убедат другите земји-членки на ЕУ да воведат уште построги санкции за да се запре руската.