Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши амбасадорот во Германија Андриј Мелник, се наведува во декретот објавен од претседателскиот кабинет.
Разрешени се и амбасадорите на Украина во Норвешка, Чешка, Унгарија и Индија, се вели во декретот. Не е наведена причината, ниту што ќе прават дипломатите во иднина.
Мелник стана познат по неговите постојани барања за поголема поддршка од германската влада, во форма на потешко оружје, додека руските напади продолжија.
Неодамна, тој беше под притисок затоа што го бранеше украинскиот националистички лидер Степан Бандера, кој ја предводеше групата одговорна за етничко чистење и масакрот на десетици илјади Полјаци за време на Втората светска војна.
Дел германски медиуми, вклучувајќи ги весниците Билд и Зидојче цајтунг, објавија дека Мелник треба да биде преместен во Министерството за надворешни работи во Киев, повикувајќи се на украински извори