Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните медиуми соопшти дека руски проектил синоќа паднал на 300 метри од нуклеарната централа Пивденнокраинск во регионот Миколаев.
Потоа дошло до краткотраен прекин на електричната енергија, а биле оштетени прозорци на објекти во близина на нуклеарката.
– Окупаторите сакаа повторно да пукаат, но заборавија што е нуклеарна централа. Русија го загрозува целиот свет. Мораме да ја запреме пред да биде предоцна, напиша Зеленски.