Русија истрела ракети врз железничката станица во областа Дњепропетровск во централна Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговото видео обраќање на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина.

– Вака изгледа нашето секојдневие и вака Русија се подготви за оваа седница на Советот за безбедност на ОН, рече Зеленски преку видео врска.

Според него, во ракетните напади има најмалку 15 луѓе ги загубиле животите, а околу педесетина се ранети“.

„Спасувачите излегоа на терен, но бројот на жртви за жал може да се зголеми. Ова е нашето секојдневие“, додаде Зеленски.и мртви и повредени, а не се знае конечниот број на жртви од руските акции во областа Дњепропетровск.