Три лица загинаа кога воз се судри со автомобил на железнички премин во близина на германскиот град Хановер, јави ДПА, повикувајќи се на денешна изјава на портпарол на полицијата.
Тројцата загинати биле во автомобилот во моментот на судирот. Возачот имал 22 години. Заедно со него во автомобилот имало и две млади жени чија возраст не е наведена.
„Автомобилот навлегол во преминот иако рампата била спуштена“, изјави портпаролот на полицијата, појаснувајќи дека иако спуштена, рампата не ја опфаќала целата ширина на патот. „Возот се движел со максимална брзина кога удрил во автомобил“, додаде портпаролот.