Најмалку 50 луѓе загинаа кога воз излета од шини во југоисточниот дел на Конго.

– Се се случи рано утрово во југоисточната провинција Тангањика, изјави министерот за хуманитарни прашања Стив Мбикаји.

Тој додаде дека несреќата се случила околу три часот по локално време во градот Мајибариди.

Мбикаји истакна дека е можно да се зголеми бројот на жртвите.