Хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, од утре ќе претседава со ова тело, според принципот на ротација.
Комшиќ ќе ја преземе функцијата претседател од српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик. Тој ќе ја извршува функцијата претседавач во следните осум месеци, соопшти денеска Претседателството на БиХ.