Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека го разбира стравот на Полјаците од Русија, но оти сепак е против идејата за разместување на американски ракети во Чешка.
– Да бидеме обѕирни, бидејќи Полјаците имаат долго историско негативно искуство со Русија, некогаш тоа би го нарекол дури и фобија. Тоа го разбирам. Во случај на Чешка не гледам никаква причина. Сфатете дека денес светот е помалку безбеден отколку што беше, освен трговската војна помеѓу Америка и Кина, како и помеѓу Америка и Европска Унија, изјави синоќа Земан зборувајќи за распоредувањето на американските ракети во Европа.
Земан од почетокот на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да добие покана за посета на Белата куќа, но покана за почетокот на март доби чешкиот премиер Андреј Бабиш.
– Бидејќи го слушав говорот на потпретседателот на САД, Мајк Пенс на Конференцијата за безбедност во Минхен, мојата порака би била помалу пристојна. Потрудете се помалку да попувате, а повеќе да ги слушате другите, објасни Земан која би била пораката на Чешка до САД ако тој беше повикан во Белата куќа.