Силен земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Еквадор, соопшти Американскиот геолошки институт.

Земјотресот бил на 224 километри од Амбата.

Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Последниот голем земјотрес во Еквадор со интензитет од 7,8 степени се случи во 2016 година, при што загинаа 676 луѓе, а 16.600 беа повредени.