Руската Федерална служба за безбедност за три месеци ја продолжи истрагата за поранешниот американски маринец Пол Велан, кој е обвинет за шпионажа во Русија.

Адвокатот на Велан соопшти дека истрагата е продолжена до 28 мај. Московскиот окружен суд ќе одлучува за евентуално продолжување на притворот, кој, според последната одлука, изминува на 28 февруари.

Велан, кој има државјанство на САД, Велика Британија, Канада и Ирска ги негира обвиненијата.