САД и европските земји членки на Групата седум (Г-7) ќе произведуваат ракети со долг дострел и системи за противвоздушна одбрана по лиценца во Украина, пренесува Франс прес, повикувајќи се на дипломат кој учествува на самитот на Г-7 во францускиот град Евијан, јави БТА.

„По лиценца ќе произведуваме не само системи за противвоздушна одбрана, туку и капацитети за долгодострелни напади, односно ракети со долг дострел“, изјавил неименуваниот извор на маргините на самитот.

Дипломатот не изнел дополнителни детали за временската рамка, за обемот на производството или за компаниите кои би биле вклучени во овој проект.

Иницијативата е дел од пошироките напори на западните партнери за зајакнување на украинските одбранбени капацитети и за развој на домашната воена индустрија на земјата во услови на долготрајната војна со Русија.