Земјотрес од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја стресе Македонија.
Според информациите од ЕМСЦ, земјотресот е регистриран на 13 километри северо-источно од Демир Капија.
Земјотресот бил во 17:00 часот, а се почувствувал и во Неготино, Гевгелија, Дојран и другите градови.
Земјотресот е со длабочина од 9 километри.
Засега нема информации за материјална штета.