Вечерва земјотрес е почувствуван во Србија, со јачина од 4 степени. Епицентарот бил на 47 километри од Ниш и 17 км од Крушевац.

Бил почуствуван во 21 часот и 38 минути по локално време.

Според пишувањата на српските медиуми, граѓаните во Крушевац почувствувале силно тресење на тлото за време на земјотресот, кој приближно траел околу половина минута.