Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала, го погоди тихоокеанскиот брег на Мексико, соопшти Геолошкиот институт на САД.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Епицентарот на потресот се наоѓал на 88 километри западно-југозападно од крајбрежниот град Сиуатлана, во мексиканската сојузна држава Халиско, на длабочина од 10 киломери под површина на земјата.