Земјотрес со интензитет од 6 степени по Рихтеровата скала го погоди главниот град на Перу и други делови на перуанскиот брег. Епицентарот бил на сто километри од Лима.
Многу жители на главниот град ги напуштија своите домови исплашени поради земјотресот регистриран во 21.54 часот по локално време. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.