Умерен земјотрес со интензитет од 3,8 степени по Рихтеровата скала во 2:21 часот рано изутринава е почувствуван во охридското епицентрално подрачје.
Според Европската макросеизмичка лабораторија, епицентарот на потресот е во непосредна близина на охридскиот аеродром, во атарот на село Оровник, два километри под земјината кора.
Нема информации за предизвикани материјални штети освен вознемиреноста кај локалното население.