Седум луѓе загинаа, а околу 150 се повредени во синоќешниот земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала регистриран во северниот дел на Авганистан.
Според Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Мазар и Шариф, на длабочина од 28 километри.
Во градот Мазар и Шариф живеат околу 523.000 луѓе.
Кон крајот на август, земјотрес со интензитет од шест степени ги погоди источните провинции Кунар, Лагман и Нангархар, при што загинаа повеќе од 2.200 луѓе.
Земјотресите се честа појава во Авганистан, особено во планинскиот венец Хиндукуш, во близина на спојот на евроазиската и индиската тектонска плоча.




