Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала предмалку е регистиран на границата со Косово-Србија-Македонија, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според ЕМСЦ, потресот е регистриран во 11:41 часот, според македонско време, а епицентарот бил на 36 километри југо-источно од Приштина и пет километри југо-западно од Ѓилан, Косово, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Земјотресот бил на длабочина од девет километри.