Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 03 часот и 18 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 105 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.




