Во полскиот град Рибник се случила бизарна сообраќајна несреќа во која настрадал инструкторот по возење. Несреќниот 35-годишен починал откако беше прегазен од неговата 68-годишна кандидатка за возење.
Несреќата се случила завчера во попладневните часови, а веста од Полска го обиколи целиот свет.
Се претпоставува дека инструкторот го набљудувал возењето на друг кандидат, а 68-годишната го удрила и прегазила во тој момент.
Во полицискиот извешатј пишува дека еден човек починал од повреди, а инцидентот бил означен како трагичен настан.