Chargoggagoggmanchauggagoggchaubunagungamaugg, е име на езеро од 45 букви, кое веројатно никој, освен Индијанците, не може да го изговори.

Со име од 45 букви, ова езеро во државата Масачусетс дефинитивно има најдолго име во САД, а исто така е познато и како Вебстер.

Долгото име на езерото му го дале членовите на локалното индијанско племе Нипмук, а тоа во превод значи „гранично место за фаќање на риба – ничија територија”. Тоа било важно место за риболов на границата на неколку племенски територии и секој фаќал риба на негова страна, но никој во средина.

Опеано е во две песни – првата е регионална во 30-тите на минатиот век, а другата во 1954 година од Етел Мерман и Реј Болджер.