Шкотскиот полициски офицер Гарет Блер е уапсен поради секс на јавно место со сопругата на познат фудбалер .
Блер со неименуваната жена , за која британските медиуми пишуваат дека е сопруга на познат фудбалер , биле фатени среде секс во автомобил. Блер е суспендиран од работата до крајот на истрагата.
Тој е приведен , откако граѓани пријавиле во полиција дека две голи лица имаат секс во автомобил на паркинг. Жената со која бил фатен Блер има 40 години и е сопруга на фудбалер кој играл за клубот Хартс , како и други клубови во Шкотска.
Двајцата се запознале на фудбалски терен и веќе подолго време се во врска. Полицаецот , кој е во втор брак , по аферата ги затворил сите профили на социјалните мрежи.