Познатиот тренер Руди Гутендорф почина на 93-годишна возраст, пренесува „BBC“. Специјалистот со прекар „неуморниот Руди“ влезе во Гинисовата книга на рекорди. За време на неговата кариера, тој водеше 55 екипи од 32 земји.
Гутендорф започна со тренирање во 1946 година во клубовите од пониската германска лига. Потоа, тој работеше со голем број клубови во Бундеслигата, вклучувајќи ги Штутгарт, Хамбург и Херта.
Во неговата кариера се вклучени тимови од сите конфедерации, вклучително и Океанија. Тој водеше голем број на тимови, вклучувајќи ги Чиле, Боливија, Австралија и Гана.
Гутендорф ја заврши својата тренерска кариера во 2003 година со младинската репрезентација на Самоа.