Оние кои што ја уништија државата, во недостиг на идеи и проекти за напредок, злоупотеребувајќи ја кочанската трагедија пред избори на монструозен начин се обидуваат да профитираат и да добијат ситни политички поени, притоа оцрнувајќи го премиерот Христијан Мицкоски и други високи функционери, пишува Курир.
Ова претставува уште еден монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичната несреќа во Кочани. Срамните и злонамерни содржини објавени се на интернет страницата ubijcitenakocani.com, која што е креирана во текот на вчерашниот ден, а вистинските сопственици и креатори на истата се сокриени, односно анонимни при што претставува обид за прикривање вистинските нарачатели кои што на секој начин се обидуваат политички да провитиртаат од една од најголемите трагедии што ги подоги Кочани и цела Македонија, а судејќи според начинот на кој што се злоупотребува оваа страшна несреќа единствени кои би добиле ситни политички поени во вова време се опозицијата и нивните приврзаници.
После објавата на овој грозоморен чин од кој што се згрози целата јавност со реакции и осуди излегоа повеќе функционери и луѓе од општествениот живот. Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, оцени дека СДС ќе изгуби многу на претстојните избори, обвинувајќи дека додека опозицијата нуди „црнила и лаги“, а поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски вели дека ова се случува кога безидејноста ви е начин на кој егзистирате.
-Еден пријател ме праша колку ќе загуби СДС, реков многу. Причините за тоа е фотографијата подолу. Затоа што додека Мицкоски прави проекти, Венко нуди пожари, додека Владата се бори за развој и правда, креаторите на сликата подолу нудат црнила и лаги. И тоа е еден ист центар. Тој центар е против Македонија и се она за што се бориме. Затоа ова е за осуда. А пресудата на народот доаѓа многу бргу, вели во својата рекакција на Томовски.
Реагираше и поранешниот амбасадор Шамбевски, кој што вели дека ова е премногу и дека ова се случува кога безидејноста е начин на кој егзистирате.
Кога е премногу… премногу е!!!
Мрш бре багро една неспособна!
Ама тоа е, ова се случува кога безидејноста ви е начин на кој егзистирате, кога понудата ви е пожари наместо проекти, кога на граѓаните им нудите некрофилија наместо развој!!! Мрш, засрамете се!
И престанете да го сквернавите покојот на душите на тие златни луѓе кои трагично го загубија животот. Не го загубија животот за разноразни Венковци, СДСМ и Левици, да прават кариери! Мрш, ми се згадивте најискрено!, пишува во сојата реакција амбасадорот.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) Марија Андоновска вели дека оние кои што ја уништија државата, направиле сајт за морничави клевети и црнила.
ПРЕТЕРАА!
Видете ги битангите, оние неспособните кои ја уништија државата, сајт за морничави клевети направиле и црнила пишуваа!
Во недостиг на позитивни проекти, идеи за напредок, нивната понуда е пожари, лаги, омраза, измислици….
Да му се згади на човек од вакви “суштества” што сакаат политички профит на туѓа мака!, рагира Андоновска преку Фејсбук.