Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека е подготвен да се соочи со Ливерпул во елиминациите во Лигата на шампионите.

Тимот од Мерсисајд е актуелен освојувач на трофејот, а во последните две изданија стигнаа до финалето на најпрестижниот клупски турнир.

На прашањето што ќе се случи ако ждрепката одреди двата тима да се сретнат во следното коло, Французинот одговори: „Ако играме со Ливерпул, ќе ги елиминираме. Нема ништо што можеме да направиме околу ждрепката“.

Реал Мадрид се рангира на второто место во својата група, по Пари Сен Жермен. Ливерпул ја доби битката со Наполи за врвот во својата група.