Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека никогаш немал проблем со крилото на „белиот балет“, Герет Бејл.
Вчера, Велшанецот се врати во Тотенхем на позајмица, од каде беше купен пред 7 години за сума од 85 милиони фунти. Тој ќе ги брани боите на „петлите“ до крајот на сезоната.
– Комплицирано е, но Бејл не го напушти Реал за мене. Имавме расправии, но никогаш не сум имал проблем со него. Такви работи секогаш ќе се случуваат. Сега тој прави промена и сè што можеме да сториме е да му посакаме се најдобро. Јас секогаш велев дека тој е неверојатен играч. Знам што направи за Реал. Бејл секогаш демонстрираше класа, и тоа е неспорно, рече Зидан.