Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села вечерва по состанокот на партиските органи истакна дека тие решиле тој да го направи конечниот список на кандидати и дали ќе се настапи во четвртата изборна единица.
– Јас ќе бидам носител на кандидатската листа во шестата изборна единица, а нашиот партнер Африм Гаши во втората изборна единица. Највиското партиско раководство реши да поднесеме листи за вкупно пет изборни едници, првата, втората, третата, петтата и шестата, а за четвртата изборна единица, можноста ќе биде отоврена. Кончената одлука ќе ја донесеме до утре, рече Села.