Можно ли е заради штедење електрична енергија училиштата повторно да преминат на он-лајн настава од ноември, е дилемата која ја поставува ТВ 21 кои за тоа се обратиле во Министерството за образование и наука.
– Ставот на МОН е дека во вонредни околности, училиштата последни треба да се затворат, а доколку се случи такво нешто први да бидат повторно отворени. Состојбата ќе се следи и за било какви одлуки поврзани со наставата во училиштата, јавноста ќе биде информирана, велат од МОН за ТВ 21.
Министерот Бектеши вели ако предложат од МОН или општините ќе ја разгледаат и таа можност. Исто така се размислува и за ограничување на температурата на која ќе се загреваат училниците.
– Доколку добиеме такво барање од МОН, ќе го разгледаме. Секако дека комисијата која се занимава со менаџирање на енергетската криза во рамките на Владата и членовите, доколку добијат директно барање и од единиците на локалната самоуправа можат да го разгледаат барањето и да донесат таква мерка. Но, најпрвин е потребна иницијатива од општините или од Министерството за образование, со единствена цел да се заштеди електрична енергија и да не претставува дополнителен товар за буџетот на институциите што ги спомнав, вели Крешник Бектеши.
Од ТВ 21 додаваат дека ова прашање го поставуваат откако добиле информации од училишта, кои сакале да останат анонимни, дека им било кажано дека не се исклучува можноста од ноември да има он-лајн настава.