Кругот од најдобрите веќе се стеснува во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а според коментарите и воодушевувањето на жирито, полека може да се насети кои кандидати се приоритет и можност за победа.
Годинава има одлични таленти, а една од нив е Каратина Јовановиќ чиј ментор е Јелена Карлеуша.
View this post on Instagram
Таа во последното и најново издание со своите изведби и моќен вокал ги фасцинираше сите членови на жирито кои речиси да немаа забелешки кон оваа млада пејачка која инаку веќе има свој бенд и настапува низ клубовите во Србија.
Карлеуша е особено горда што има таква какдидатка, а од профилот на Катарина може да се види дека со Јелена се познаваат од поодамна, бидејќи имаат и постари заеднички фотографии.
Јасно е зошто Катарина ја избра токму Јелена за ментор, но прогнозите дека таа можеби годива ќе биде победник веќе ѕиркаат на површината.
фото:инсатграм/катаринајовановиќ