Големиот пожар кој изби попладнево во фабриката за брашно „Жито Битола“ сè уште е активен, а пожарникарските екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат.

Според СВР Битола, засега нема пријава за повредени лица.

-На 23.01.2022 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека има пожар во фабрика за леб лоцирана во индустрискиот дел на Битола. Веднаш се упатени екипи на територијалната противпожарна единица Битола и полициски службеници и се преземаат мерки за гасење на пожарот. До сега нема пријава за повредени лица, велат од МВР.

Според градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во објектот што гори имало две лица кои го напуштиле местото, така што засега нема информации за повредени лица.

Пожарот го гасат сите девет противпожарни возила од Битола, а побарана е помош и од РЕК Битола како и од околнитеградови.