Температурните жени не се поврзани само со нервоза и нечувствителност, туку и со многу повеќе.
Ако нервозните (живчани) жени од вашата непосредна близина ви одат на нерви, имајте на ум дека тие не одбрале таков лик за себе. Тие се родени со тоа. Бунтовници, диви, лути, груби, дрски, несигурни и претежно гласни. Не е лесно да се живее со нив, ниту им е нив лесно да живеат сами со себе.
Општеството честопати ги осудува, а многумина не сакаат да се дружат со нив затоа што не спаѓаат во „нормите“. Ако сте една од нив, сега имате причина да им кажете „благодарам“ на другите кога ве навредуваат. Експертите дошле до заклучок дека ваквите жени обично се поинтелигентни отколку пристојните жени.
Поентата е во тоа што жените кога се лути, подобро перцепираат отколку кога се мирни, и донесуваат подобри одлуки, подобро помнат и подобро ги евоцираат податоците од сеќавањата, велат научниците од Универзитетот во Нов Јужен Велс и Стенфорд. Температурните жени се карактеризираат со лошо расположение, кое секогаш е тука некаде, дури и кога тие не изгледаат така.
Но, заради ова, тие се попаметни, велат експертите, затоа што постојано се во потрага и многу повеќе обрнуваат внимание на деталите во околината. Ова е особено точно кога треба да решат нешто важно во професионалниот или социјалниот живот. Тогаш студените глави можат да го анализираат проблемот без да мешаат чувства.