Според податоците објавени од Народната банка за банкарскиот сектор за 2023 година, македонските граѓани им должат на македонските банки 244 милијарди 790 милиони денари или 3,97 милијарди евра, што е за 14,6 милијарди денари повеќе во однос на 2022 година.
Најголемиот износ македонските граѓани го должат по основ на потрошувачки кредити – 122 милијарди 700 милиони денари или 1,99 милијарди евра.
Потоа следуваат станбените кредити со износ од 83,17 милијарди денари или околу 1,35 милијарди евра.
На кредитните картички граѓаните се задолжиле 19,96 милијарди денари, а на трансакциските сметки негативните салда изнесувале 14,20 милијарди денари.
За реновирање на деловен простор должат 1,03 милијарди денари.
Износот на автомобилските кредити е 403 милиони денари.
За кредити по други основи граѓаните должат 3,33 милијарди денари.