Откупот на лубеници во струмичко речеси запрен, од десетина магацини, откуп врши само еден и тоа по цена од 2 – 3 денари. Голем дел од производеното веќе скапува по нивите, бидејќи земјоделците нема каде да го пласираат. Производителите нервозно коментираат дека се заборавени од власта и дека никој од министерството не дошол да го слушне нивниот проблем и да понуди решение.
-Нас три денари не не покриваат воопшто. Тука сме на нивата и ја гледаме каква е состојбата со бостанот. Бостанот ни е уништен веќе. 50 до 60% сигурно ќе ни остане на нивата. Лани се надевавме на некаков откуп, имаше некаков откуп, зедовме за трошоците пари ама таа година е многу поголема катастрофа од лани, вели Станислав Пујкиловиќ, земјоделец од струмичко, кој пред камерите на медиумите ја коментира трагедијата со која се соочуваат.
Земјоделците предупредуваат дека нивното трпение е пред крај и дека ќе преземат порадикални мерки доколку нешто итно не се преземе.Штрајкот е опција оваа недела како што најавуваат земјоделците, веќе ништо не може да ги заплаши коментираат тие.
Ова е втора година откако производителите на бостан маки мачат со ниската откупна цена откако СДСМ е на власт нивните проблеми никако не завршуваат, а револтот е се поизразен деновиве поради слабата реакција на владата на СДСМ и министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој ветуваше „подобар живот за сите“.