Пензионерите за јули ќе добијат 1,2 повисоки пензии, како што беше соопштено вчера, а износот кој ќе го добијат пензионерите се движи од 98 до 629 денари, во зависност од висината на пензијата.
Минатиот месец имало 302 пензионери во Македонија кои примиле пензија над 52.455 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско, а вкупно 1.323 пензионери се со највисоки пензии од кои 887 месечно примаат 41.739 денари, објави порталот „Пари“
Минимална пензија, која се движи од 9.868 до 12.077 денари добиваат 94.510 пензионери, но 22.696 лица примаат месечни пензии пониски од минималната, односно се под 9.868 денари.
Најголемиот дел од пензионерите, или 203.831, добиваат меѓу 12.077 и 40.067 денари а просечната пензија во јуни изнесувала 15.705 денари,.
Во Макдонија моментно има 325.081 пензионер.
Најниски се земјоделските пензии, со просек од 8.165 денари, додека пак со просек од 22.978 денари највисоки се воените пензии.